Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКанабис во хрватските аптеки за еден месец

Канабис во хрватските аптеки за еден месец

Од март годинава во хратските аптеки би требало да започне продажбата на желатински капсули од масло од канабис, во доза од по пет милиграми, но крајната цена се уште не е дефинирана и ќе зависи од фармацевските мрежи, пренесуваат хрватските весници.

Цената ќе биде неспоредливо пониска од онаа која се споменува за продажба на црниот пазар на кој, на пример, месечна доза на смола или масло од канабис, според некои наоди, може да се набави по цена меѓу 1.957 и 2.610 евра. Во аптеките таа количина ќе биде значително поевтина за десетина од цената.

– Цената не е формирана, се уште ги немаме трошоците за превоз, а тука е и маржата која на производите ја ставаат аптеките, но заокружено тоа би можело да биде околу 130 до 195 евра за месечна доза, секако исклучиво со рецепт, наведува др. Невенка Ковач, директорка на Имунолошкиот завод. Имунолошкиот завод е во процес на завршувањето на договорот со производителите на канабис, за кој прифати некои од предложените корекции.

Паралелно со тоа се работи и на дозволите за увоз и исполнување на сите услови кои се строги бидејќи станува збор за психоактивна дрога, а воедно и Хрватската агенција за лекови и медицински производи (ХАЛМЕД) мора да ја потврди сигурноста за чување на супстанците. На почетокот ќе се увезуваат мали количини и тоа само екстракт од масло во капсули, но не и ТХЦ во капки или за инхалирање, пишува Вечерњи лист.