Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрбија се спогоди со хрватскиот шпиун: Три години затвор

Србија се спогоди со хрватскиот шпиун: Три години затвор

Вишиот суд во Белград потврди дека со Чедо Чоловиќ, кој е осомничен дека работел за хрватските разузнавачки служби, договорил спогодба за признавање на вината на три години затвор.

Според оваа спогодба, 57-годишниот Чедо Чоловиќ поради кривичното дела од членот 315, став 3 од Кривичниот законик на Република Србија е осуден на казна затвор во траење од три години, се наведува во соопштението на Вишиот суд во Белград.

Осомничен е, како што пишуваат белградските медиуми, дека на хрватската разузнавачка служба ѝ доставувал доверливи воено разузнавачки податоци, како и дека врз основа на неговите информации се покренати девет обвиненија за воени злосторства против српски офицери.

За ова дело според Кривичниот законик на Република Србија е предвидена казна затвор од 3 до 15 години, а доколку се утврди дека станува збор за тешки последици за државната безбедност, економската или воена моќ на земјата, најмалата предвидена казана е 10 години затвор.

Судијата од претходна постапка на споменатиот суд донесе пресуда со којашто ја прифаќа спогодбата за признавање на вината од кривичното дело склучен во неделата на 4-ти септември, меѓу Вишото јавно обвинителство на Белград и обвинетиот Чоловиќ, кој во петокот на 2-ри септември беше уапсен под сомнение дека шпионирал во Србија за интересите на Хрватска.

Судот наведува и дека на Чоловиќ му е продолжен притворот кој може да трае до упатување во некоја од казнено- поправните установи во Србија, а „надолго додека не истече времето на траење на казната изречена во пресудата“.

Обвинителството покрена истрага против Чедо Чоловиќ, осомничен дека шпионирал во позла на Хрватска. Станува збор, како што наведуваат медиуми за лице со двојно српско и хрватско државјанство по потекло од Дрниш во Далмација, кое како поранешен припадник на распаднатата Југословенска народна армија (ЈНА) пота бил офицер на ткн војска на самопрогласената Република Српска Краина во текот на војната во Хрватска. Обвинителството наведе дека тој до првите 1990-те години живеел и работел во Хрватска, по што местото на престој му било во Србија.

Во Србија дошол во 1995 година по операцијата „Бура“ на хрватските безбедносни сили со кои беа протерани паравоените сили на книнските Срби и голем дел од населението, бил уапсен бидејќи наводно се подготвувал да пребегне во Хрватска, бидејќи му било дојавено дека е откриен.