Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВо март се зголемиле трошоците за живот

Во март се зголемиле трошоците за живот

Трошоците на животот во март, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,5 отсто, а цените на мало за истиот период се зголемени за 1,4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на цените има кај свежото и разладеното овошје за 7,3 проценти, тутунот за 2,6 проценти, безалкохолните пијалаци за 0,8 отсто и друго.

Во март, најголемо зголемување на трошоците е забележано кај авионскиот превоз на патници за 24,2 проценти, болничките услуги за 6,6 проценти, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 6,2 проценти и друго.