Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКакви беа просечните плати на Балканот минатата година?

Какви беа просечните плати на Балканот минатата година?

Податоците за просечна плата од минатата година велат дека најниска просечна плата во земјите од поранешната Југославија има Србија – 361 евро. Просечната плата во Македонија изнесувала 365 евра, односно 22.470 денари. Просечната плата во Црна Гора на крајот на годината изнесувала 482 евра, во Босна и Херцеговина – 422 евра, во Хрватска – 748 евра, а во Словенија – 1.004 евра.

Податоците од земјите се за ноември 2015, освен за Македонија и Босна и Херцеговина, во чии случаи биле искористени податоците за октомври 2015. Просечната плата во Словенија е поголема за 1,49 евра од изминатата година. Во Хрватска, просечната плата е поголема за 5,44 евра од почетокот на годината.

Намалување на просечната плата се забележува само во Босна и Херцеговина – за 1,02 евра. Просечната плата во Македонија во октомври 2015 била поголема од онаа на почетокот на годината за 7,35 евра.