Како изгледа официјалното лого за ОИ во Токио 2020?
Денеска се одбележуваат пет години до стартот на најголемиот спортски настан на универзумот, Олимписките игри. По тој повод, Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токиоц 2020 година го претстави официјалното лого.
Се работи за обединување на сите различности во едно – симбол на моќта на заедништвото.
Црната боја во средината на логото ја симболизира различноста, кругот го презентира светот во кој сите се прифаќаат меѓусебе, а црвената боја на кругот ја симболизира моќта на секое срце. Логото личи на буквата Т, која значи Токио (Tokyo), утре (на англиски tomorrow) и тим (team).
https://www.youtube.com/watch?v=2r-oOKUmkOw