Friday, Jul 21, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВан Хол и владиниот економски тим ги повикаа белгиските инвеститори

Ван Хол и владиниот економски тим ги повикаа белгиските инвеститори

belgija pari

Владиниот тим за привлекување на странски инвестиции на економскиот форум во Антверпен ги претстави можностите за влез на белгиските компании во Македонија кои покажале почетен интерес за започнување на бизнис. belgija investiciiНа презентацијата предводена од вицепремиерот Зоран Ставревски и Висар Фида директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции е промовирана поволната бизнис клима во Македонија, позитивното искуство на досегашните странски инвеститори, како и обученоста на работната сила.

Најголем адут е присуството на белгиски Ван Хол кој веќе работи на втор производствен погон. Токму Филип ван Хол им порача на своите колеги од фламанската бизнис заедница во Белгија да ги разгледаат можностите за инвестирање во Македонија поради добрата соработка со владините институции и големата поддршка.