Јапонија ќе има 5G мрежа за Олимпијадата
Јапонија го откри амбициозниот план да создаде 5G мобилна мрежа до почетокот на Летните олимписки игри кои во 2020-та ќе се одржат во Токио. Технолошки напредната земја сака да се покаже во најдобро светло како домаќин и да ги понуди најдобрите услуги за гостите од целиот свет, особено за новинарските екипи кои ќе известуваат за самите натрпевари, но и за фановите и спортистите.
Главниот оператор кој ќе воведе 5G е NTT DoCoMo со досега вложени стотина милиони долари во нова опрема и инфраструктура. За 5G мрежата која ќе биде десетици пати побрза ќе може максимално да се искориста потенцијалите на новите смартфони и мегамоќните процесори, а ќе се креираат и подобри апликации за комуникација и пренос на податоци.
Извор: telefoni.mk