„Фејсбук“ ќе го редизајнира своето лого
Дизајнерите на најпознатата социјална мрежа се решија за мали промени во поглед на логото на „Фејсбук“. Иако на прв поглед речиси е невозможно да се пронајдат некакви разлики, станува збор за минимални промени на фондот, особено промена кај буквата „а“. Боите се исти, како и онаа верзија на логото каде се појавува само буквата „ф“.
Компанијата последен пат направи промена на логото во 2005. година, а од „Фејсбук“ соопштија дека редизајнирањето ќе се реализира со цел логото да изгледа попристапно и поедноставно за користење.