Friday, May 17, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноКајли Џенер го прекрши најважното правило на Мет Гала забавата

Кајли Џенер го прекрши најважното правило на Мет Гала забавата

Американската ријалити ТВ ѕвезда и помалата сестра на Ким Кардашијан, Кајли Џенер го прекрши едно од најважните правила на престижната Мет Гала забава, каде таа со своите колеги направи големо селфи во тоалетот.

Всушност, една од организаторите на ексклузивната Мет Гала забава строго забранила сликање селфи фотографии, а на самата забава беше забранет и влезот за медиумите.

Сепак Кајли на нејзиниот профил на Инстаграм објави големо селфи од тоалетот со други познати колеги. На фотографијата можете да ѓи забележете Ким Кардашијан, Френк Океан, Пи Диди, Бри Ларсон, Париз Џексон, Ештон Сандерс, Лука Сабат, Мишел Монаган и Лили Олдриџ.

 

annual bathroom selfie

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on