Saturday, Apr 27, 2024
HomeАНТИСТРЕСКафето негативно влијае на организмот во летните денови

Кафето негативно влијае на организмот во летните денови

Многумина од нас не можат да си го замислат денот без кафе. Но, во служба на здравјето во текот на летото сите треба да се откажеме од тоа вкусно задоволство. Кафето е силен диуретик што значи дека предизвикува брзо излачување на течности во организмот, а тоа воопшто не ни е потребно на овие пеколни температури. Конзумирањето на кафе може лесно да ве доведе до дехидрација. Со излачувањето на течностите организмот губи и драгоцени минерали како што се соли, калциум, железо,магнезиум.

COFFEEE 1

Кафето во летниот период има лошо влијание и на психата. Предизвикува поинтензивно лачење на хормоните на стрес, адреналин и кортизол, па доволно е на овие високи температури да влезете во превозно средство без клима и да добиете напад на паника и други симптоми на анксиозна состојба.

Губењето на течности предизвикано од конзумирањето на кафе предизвикува сушење на кожата и појава на бори.

Топлото време и онака ви предизвикува безсони ноќи, доколку пред спиење се напиете кафе автоматски сте си создале уште еден голем непријател на квалитетниот сон.

Доколку и после овие податоци не можете да се откажете од кафето, обидете се барам да конзумирате само едно кафе на ден. Најдобро е да биде утринско, без млеко и шеќер, но никако додека сте гладни. Појадокот е првата утринска потреба на организмот