Thursday, May 2, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈуве му нуди размена на Венгер?

Јуве му нуди размена на Венгер?

Летото Арсенал го посакуваше напаѓачот на Јувентус Марио Манџукиќ, но Јувентус ја одби понудата. Имено, иако пристигна Игуаин, Алегри не сакаше да се откаже од Хрватот кој е незадоволен, бидејќи не добива шанса. Тој секако би сакал во Англија, но Јувентус сака во трампа да биде вклучен Алексис Санчез. Преговорите околу нов договор не течат добро, се верува дека би сакал да се врати во Италија, а Јувентус го сака со години.

Јасно, Јувентус би доплатил за неговите услуги, но реално тешко еда се очекува да дојде до овој трансфер бидејќи Венгер го смета Алексис за клучна алка во играта на Арсенал и тешко би се откажал од неговите услуги. Сепак, момчето од Чиле има договор до 2018 година и ако не го продолжи договорот, секако дека наредното лето би можел да си оди од Лондон.