Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВенгер убеден во останувањето на Санчез и Озил, но призна дека му се потребни нови засилувања

Венгер убеден во останувањето на Санчез и Озил, но призна дека му се потребни нови засилувања

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е убеден дека двете најголеми ѕвезди Алексис Санчез и Месут Озил ќе останат на „Емирати“, но призна дека на тимот му се потребни засилувања.

Санчез изјави дека сака да остане во Лондон додавајќи дека сака да игра во клуб со победнички менталитет и да освојува трофеи, а вака Венгер ја прокоментира таа изјава.

„Има само еден тим во Лондон. Лично сметам дека Санчез е среќен тука, се уште не сме го продолжиле неговиот договор, но се надевам дека ќе остане во клубот. Точно е дека во минатото се случувало да продадеме играч на ривалски тим поради финансиски причини, но тоа не е случај повеќе“, изјави Венгер.

Венгер иако е убеден дека Санчез и Озил ќе останат на „Емирати“, сепак признава дека на тимот му се потребни засилувања.

„Оваа сезона е чудна. Дваесет меча сме без пораз, но не можам да кажам дека не е полна со дамки бидејќи ги има. Основата е исклучително силна, но тимот, секако, мора и да се засили“, истакна искусниот менаџер.

Извор: sportski.mk