Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВенгер: Не сакам никогаш да се пензионирам!

Венгер: Не сакам никогаш да се пензионирам!

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер тврди дека нема да се пензионира и доколку не го продолжи договорот со Арсенал. Му завршува договорот на крајот на сезоната, а одлука за продолжување на својата иднина би можел да донесе по натпреварот со Сити.

„Нема да се пензионирам. Сега носам малку повеќе притисок на своите рамена отколку пред 20 години, но гладот е тука и понатаму.“ Во текот на кариерата, Венгер освои 15 трофеи, од што 3 трофеи во ПЛ.

„Кога ќе погледнете каде беше некогаш клубот, а каде е сега.. Кога дојдов, 70 луѓе работеа во клубот, а сега ги има 700. Вредноста на акциите беше 400 фунти, а сега е 18.000. А верувајте ми, јас немам ниту една акција во свое сопствеништво.“

Извор: supersport.mk