Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЈубилејот 10 години „Порше Македонија“ прославен со нов модел на „Ауди“

Јубилејот 10 години „Порше Македонија“ прославен со нов модел на „Ауди“

Под мотото „Движењето е нашиот успех“ „Порше Македонија“ го прослави својот 10. роденден.

Во текот на вчерашниот ден „Порше Македонија“ го претстави возилото кое ја освојува светската автомобилска сцена.

„Помина цела деценија од основањето на нашата компанија. Можеби на почетокот не знаевме во што се впуштаме и што да очекуваме. Но, знаевме за кого дојдовме и што сакаме да постигнеме. ’Порше’ постави нови стандарди. Десет години, повеќе од 38.500 клиенти, 20.855 продадени возила, 163.800 влезови во сервис, импресивни бројки кои растат додека зборувам. Десет години ’Порше Македонија’ сигурно владее со врвот на автомобилскиот пазар во Македонија, непобеден во својата непоколебливост за своите клиенти секогаш да го носи најдоброто. Има ли подобар начин да се одбележи ваков јубилеј од тоа да се донесе нов бестселер кој стои зад истите идеали како ’Порше’ – луксуз, моќ, квалитет, дизајн и технологија“, изјави Златко Муцунски, директор на „Порше Македонија“.

Новата петта генерација на „ауди А4“ е катарза на технологија и естетика.

Автомобилот се издвојува и по низата современи технологии како што е системот за сопирање со кој во случај на незгода возилото автоматски застанува со што се намалува ризикот од лизгање и повеќекратни судири. На располагање е и системот со кој доколку автомобилот се движи со брзина поголема од 85 километри на час, регистрира дали други возила или пешаци се на патот. Ако постои опасност од судир, го предупредува возачот првично визуелно и акустично, а потоа со автоматско сопирање. Вградени се и монитори за помош при вртење, систем за избегнување судир, кој помага да се заобиколи пречка како и оној за предупредување при излегување кој го минимизира ризикот од повреда при отворање на вратите