Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЈСП со апликацијата Трансинфо ќе ви го испланира возењето со автобус

ЈСП со апликацијата Трансинфо ќе ви го испланира возењето со автобус

ЈСП со помош на Телеком изработи нова веб апликација со која сите патници ќе може да го испланираат своето патување низ градот, особено ако не се запознаени која линија води кон одредена населба, како и за подобро да ги поврзат автобусите и трансферите со најбрзата рута.

transinfo jsp

Можеби за Скопјани возењето со градскиот превоз низ населбите не е тешко бидејќи од централните точки Рекорд, Бит Пазар и Транспортен центар поминуваат сите главни траси, но за тие кои не се од Скопје или ретко се возат со ЈСП виртуелниот планер „Трансинфо“ ќе биде одлична алатка, па наскоро се очекува и специјализирана апликација за смарт телефон. Дотогаш користете ја веб страната info.skopska.mk.