Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈово Вангеловски заработи кривична пријава

Јово Вангеловски заработи кривична пријава

Советот за утврдување факти поднесе кривична пријава против претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски поради тоа што тој на 13 септември им забрани на претставниците на Советот да влезат во судот заради остварување увид во списите на предметите познати во јавноста како „Таргет – Тврдина“.

„Истиот ден, согласно со донесената одлука, поднесена е кривична пријава до надлежниот јавен обвинител против претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, за сторено кривично дело кое според Кривичниот законик се гони по службена должност“, стои во соопштението.