Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЈавна дебата за граѓаните на Центар – Да се спречи урбаниот хаос

Јавна дебата за граѓаните на Центар – Да се спречи урбаниот хаос

По серијата на меѓусебни обвинувања и спинови за урбанистичките промени во општина Центар жители ќе може да ги изнесат своите ставови и предлози на јавна дебата за зачувување на зеленилото и спречување на изградба на градежни објекти кои ќе го нарушат живеењето во Дебар Маало. Јавната дебата ќе се одржи на 23 септември  (среда) со почеток од 18:00 часот за нацрт-деталниот урбанистички план.

centar

Јавната дебата е во организација на Центарот на заедници на општина Центар, Здружението на граѓани Плоштад Слобода и Општина Центар. На дебатата ќе се разговара за решенијата од Нацрт-ДУП за Дебар Маало 1 и Дебар Маало 2. Јавната дебата ќе се одржи во канцеларијата за млади на општина Центар, Градски Ѕид, бул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 7/1, локал 18 (позади Автомакедонија).

Обраќање ќе имаат претставници од Секторот за урбанизам на Општина Центар, градоначалникот Андреј Жерновски, претставници од здружението Плоштад Слобода, Здружението за заштита на животната средина Гринбокс и други засегнати граѓани.