Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЖерновски: БЕГ да ја врати во првобитна состојба „Народен фронт“, следуваат казни

Жерновски: БЕГ да ја врати во првобитна состојба „Народен фронт“, следуваат казни

Балкан Енерџи Груп (БЕГ), која врши менување на топлотните цевки долж улицата „Народен фронт“, не го почитува Законот за градење и Правилникот за прекопи донесен од општина Центар, напиша на Фејсбук, градоначалникот Андреј Жерновски и најави казна за компанијата.

„Жителите на околните згради на улицата ’Народен фронт’, но и други минувачи, со право ни се пожалија за катастрофалната состојба во која се наоѓа улицата. Изведувачот само ја истампонирал улицата и ставил асфалт и затоа, досега направениот дел е пропаднат. Надлежниот градежен инспектор на Општина Центар донесе решение согласно законот и правилникот, БЕГ улицата да ја врати во првобитна состојба. Доколку не се постапи по ова решение, следуваат казни согласно Законот за градење, 9.000 евра во денарска противредност за правното лице и глоба од 30% од одмерената казна за правното лице да му се изрече на одговорното лице“, вели Жерновски.