Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈанева бара италијански антимафијашки модел за заштитените сведоци

Јанева бара италијански антимафијашки модел за заштитените сведоци

Специјалната обвинителка Катица Јанева, која уште на први април годинава поднесе иницијатива до Собранието за измена на Законот за заштита на сведоците, бара да се примени италијанскиот модел кој го користи тамошниот специјален јавен обвинител во антимафијашките истраги, дознава порталот САКАМДАКАЖАМ.МК од собраниски извори. Според тој модел, специјалниот обвинител сам одлучува кој сведок ќе биде ставен под програма за заштита и никој друг од обвинителството не го знае името, презимето и останатите лични податоци на заштитениот сведок.

Според извори на порталот, Јанева во иницијативата до Собранието ја побарала само оваа измена. Таа побарала во случаите што ги води СЈО, само таа да одлучи кој од сведоците ќе го стави под заштита.

Јанева вчера уште еднаш апелираше Собранието да ги донесе измените за кои таа веќе даде иницијатива и кажа што му треба на СЈО за автономно и непречено водење на истрагите.

Според Законот што сега се применува, сведок може да биде ставен под заштита на предлог на јавен обвинител, а потоа за тој предлог треба да се состане комисија и таа, а не обвинителот, да одлучи дали предлогот е основан.