Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИзвршителот на нападот во Ница идентификуван како Мохамед Лахуеџ Бухлел

Извршителот на нападот во Ница идентификуван како Мохамед Лахуеџ Бухлел

Француските власти за агенцијата Асошиејтед прес изјавија дека личната карта пронајдена во камионот на смртта му припаѓа на 31 годишниот ситен криминалец од Тунис.

Извршителот на терористичкиот напад во Ница е идентификуван како Мохамед Лахуеџ Бухлел, жител на овој јужен француски град.

Тој камионот го изјамил во средата. Работел како професионален курир, бил познат по деликвенција, насилство, но неговата радикализација очигледно поминала незабележано.

Иако и бил познат на полицијата од порано сепак,  не бил на листата на луѓе на француските разузнавачки служби, осомничени за врски со тероризмот.