Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеИзвестување за Скопјани – Прекин на струја на повеќе улици

Известување за Скопјани – Прекин на струја на повеќе улици

Се информираат жителите на Скопје дека денес прекин на електричната енергија ќе има на повеќе улици. Од 9 до 11:30 часот без струја ќе останат корисниците од дел од улиците „Сливовска“, „Владимир Каваев“, „Извор“, „Клепа“, „Бабуна“ и дел од „Пресека“ во општина Карпош.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопштуваат дека заради технички зафати во електро-системот без електрична енергија од 8:30 до 15 часот ќе останат корисниците од дел од село Љубош, од 9 до 15 часот корисниците од дел од улиците „Беас Кула“, „Кузман Шапкарев“ и дел од „Гостиварска“, од 11:30 до 13:30 часот корисниците од улицата „Партизански Одреди“ бр. 62 и од 13 до 15 часот и корисниците од објектите во околината на Хотел Карпош на Бул. Партизански Одреди.