Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИзвештајот на европската експертска група потврди злоупотреби во Македонија

Извештајот на европската експертска група потврди злоупотреби во Македонија

Во Извештајот на европската експертска група, подготвен од Рајнхард Прибе, поранешен директор во Европската комисија е наведено дека снимките што ги презентираше СДСМ, „според квалитетот, опсегот и бројноста потврдуваат дека се направени во просториите на националната разузнавачка служба.“
prislusuvanje-520x390
Во извештајот се наведува дека предмет на загриженост на експертската група е „фамилијарната поврзаност помеѓу високо позиционирани политичари и носители на високи функции во УБК и во Јавното обвинителство“. Прецизно е наведено дека состојбата со медиумите е далеку полоша од изминатите години и една од клучните работи е проблемот со корупцијата, за којшто се констатаира дека е доволно значаен за да биде предмет на посебен извештај.

Европските експерти дека само теоретски е воспоставен систем на парламентарен комисиски надзор врз работата на УБК и МВР.
„Препораките во овој извештај се однесуваат на системски недостатоци“ напишал Прибе во Извештајот. Извештајот на мекедонски јазик прочитајте го тука.