Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИзвештај за здравјето на Доналд Трамп напишан за пет минути!

Извештај за здравјето на Доналд Трамп напишан за пет минути!

Личниот доктор на републиканскиот кандидат во трката за белата куќа Доналд Трамп, кој минатата година напиша извештај во кој го фалеше одличното здравје на милијардерот, призна дека таа задача била завршена за околу пет минути. „Напишав четири или пет реда на брзина за да бидат задоволни“, изјави докторот Хоралд Борстајн и додаде дека можеби можел да избере подобри зборови но не стигнал бидејќи сакал извештајот да биде готов што побргу.

Во извештајот објавен во декември 2015 година стои дека Трамп имал комплетен медицински преглед со добри резултати дури „исклучително добри“. „Доколку Трамп биде избран, можам да потврдам дека тоа ќе биде најздравиот човек кој бил избран за претседател на САД“, стои во извештајот. Борстајн изјавил дека бил инспириран од начинот на кој Трамп зборува додека го пишувал извештајот.