Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИзраел и Турција започнаа нов круг на преговори – се очекува нормализирање на односите

Израел и Турција започнаа нов круг на преговори – се очекува нормализирање на односите

 

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека Израел и Турција започнаа нов круг преговори во обид за нормализирање на билатералните односи. Односите меѓу овие две земји драстично се влошија откако израелски командоси упаднаа на турскиот брод „Мави Мармара“ од флотилата за помош за Газа во мај 2010, при што беа убиени десет турски државјани.

Денеска, израелски одговорен претставник, кој побара анонимност, го потврди обновувањето на преговорите денеска, истакнувајќи дека тие се водат „во Европа“, а претходните кругови на преговори се одржани во Женева.

Турција при поставувањето на условите за нормализирање беше строга. Постави 3 услови: јавно извинување за инцидентот од 2010 година, исплаќање на компензации на семејствата на жртвите и кревање на израелската блокада на Појасот Газа.