Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмИзлезе нов трејлер за „Suicide Squad“

Излезе нов трејлер за „Suicide Squad“

За време на доделувањето на MTV филмските награди беше прикажан новиот трејлер за филмот „Suicide Squad“, во кој можат да се видат нови кадри адаптирани на популарниот стрип. Харли Квин, Дедшот, Килер Крок и уште неколку „лоши“ момци и девојки се пуштени од затвор и го формираат тој „Suicide Squad“. Најголемите негативци „Ди-Си комикс“ се собрани од целиот свет на едно место за да се борат против уште поголемите закани со кои се соочуваат.

Комбинацијата на агресивни и лабилни личности ја прави потешка задачата тимот да остане заедно, но се чини дека омразата која ја имаат кон нешто друго и која е заедничка за сите нив,  е многу посилна од несогласувањата кои постојат помеѓу нив и тоа прави тие да останат заедно. Пред крајот на овој трејлер може да се види и Бетмен, како и неговиот автомобил со кој се движи низ градот.