Saturday, May 11, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмИзлезе нов трејлер за филмот „Inferno“

Излезе нов трејлер за филмот „Inferno“

Кога во 2006 година излезе филмот „Кодот на Да Винчи“ кој е снимен по истоимената книга на авторот Ден Браун, малку кој можеше да прогнозира дека филмот во потполност ќе доминира на листата на гледаност во целиот свет и дека ќе заработи преку 750 милиони долари.

Оваа есен двојниот оскаровец Рон Хауард и двојниот оскаровец Том Хенкс по трет пат ќе ги здружат силите и ќе ни го донесат „Inferno“, третата филмска приказна на авторот Ден Браун кој дури 11 недели помина на првото место бесцелери според „Њујорк Тајмс“, а според некои проценки до днесес се продадени околу 6 милиони примероци од книгата ширум светот.

Овој филм во домашните и светските киносали ќе пристигне на 13 октомври.