Sunday, Apr 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПогледнете го новиот трејлер за седмата сезона на серијата „The Walking Dead“

Погледнете го новиот трејлер за седмата сезона на серијата „The Walking Dead“

Во последната епизодаод шестата сезона на популарната серија „The Walking Dead“ публиката имаше прилика да види како негативецот, Неган, убива најмалку еден од главните јунаци. Сепак, судејќи според неодамнешните коментари на актерот Мајкл Кудлица кој ја толкува улогата на жртвата Абрахам Форд, публиката можела да заклучи дека наредникот Форд можеби го преживеал судирот со Неган.

Шпекулациите дополнително го направија новиот трејлер повозбудлив, во кој може да се види како едно лице, кое личи на Форд, се бори против зомби. Сепак, за жал снимката на овој трејлер не е најјасна, така да е невозможно да се донесе конечен заклучок. Седмата сезона на серијата „The Walking Dead“ ќе започне да се прикажува на 23 октомври на телевизијата „AMC“, а до тогаш погледнете го новиот трејлер: