Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаИзгореа два автомобили на сопственикот на кафулето „Кала“

Изгореа два автомобили на сопственикот на кафулето „Кала“

Во три часот изутрина се запалени возилата на сопственикот на кафулето „Кала“ и на неговата сестра кои биле на различни локации. И двете возила се запалени речиси иствремено.

Возилото голф 7, на сопственикот на Кала е целосно изгорено, а пежото 207, сопственост на неговата сестра иако не е целосно изгорено, сепак нема да може повеќе да се употребува. Полицијата презема мерки за расветлување на случајот и за пронаоѓање на евентуални сторители.

Бранимир Јовановиќ од движењето Левица, преку статус на фејсбук оцени дека двете запалени коли припаѓаат на „протестирачи“ од шарената револуција.