Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМали лебеди изгореа во Охридско езеро

Мали лебеди изгореа во Охридско езеро

Вниманието на екологистите денеска е вперено во Охридското езеро. Кај Женска плажа гореше пожар откако се запалија трски. Екипа од противпожарна бригада го гасеше пожарот со млазови вода, а активисти стравуваат дека со пожарот може да се настрадани лебедчиња.
ohrid pozar
„Не се проблем трските чиј корен ќе остани и ќе пушти нови млади трски! Проблем се штотуку испилените лебедчиња кои живи изгореа! Проблем се и разно-разните други птици!“, напиша преку Фејсбук активистот Васко Јолевски од Здружението „Каприкорн2010“, објавувајќи и фотографии од пожарот.
ohrid pozar 3