Saturday, Apr 20, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласПензионерка згмечи 14 автомобили во еден потег

Пензионерка згмечи 14 автомобили во еден потег

Германска пензионерка успеа во неколку минути на паркинг да удри во 14 автомобили и да причини штета од околу 25 илјади евра, објави полицијата од градот Дирен. Седумдесет и петгодишната пензионерка била пренесена во болница со полесни повреди. До незгодата дошло кога таа нагло забрзала и удрила во ред паркирани автомобили.

– Паркингот се претворен во голема депонија на автомобилски отпад – пишува во извештајот на полицијата, каде се додава дека нејзиниот автомобил бил толку уништен што морале да го влечат со кран, како и поголемиот дел од остантите автомобили.