Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаИзгоре млекарницата „Николови“ во Свети Николе

Изгоре млекарницата „Николови“ во Свети Николе

Целосно изгоре млекарницата „Николови“ во Свети Николе. Пожарот избувнал во 9 часот кога работниците заминувале на пауза за појадок. Според првичните информации, нема жртви во пожарот, но материјалната штета е голема.

Командирот на Противпожарната единица од Свети Николе, Зоран Трајчев, изјави дека пожарот почнал од погонот за пакување на млеко и млечни производи. Сите работници навреме се евакуирани, а пожарникарите извлекле и две големи плински боци со цел да не дојде до експлозија на објектот.

Во интервенцијата на гаснење на пожарот биле вклучени сите пожарникари од Свети Николе, а екипи пристингале и од територијалните противпожарни единици од Штип и од Велес.

Пожарот во моментов е локализиран, а пожарникарите се се уште таму со цел да не дојде до повторно разгорување на огнот.

Во текот на денот се очекуваат дополнителни информации за причините на пожарот.