Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаИздадена еврообврзница од 450 милиони евра со поголема камата – бура од реакции

Издадена еврообврзница од 450 милиони евра со поголема камата – бура од реакции

Бура од реакции по синоќешната реализација на еврообврзницата од 450 000 000 евра со камата од 5,6% на рок од седум години. Економистите предупредуваат на рапидното зголемување на јавниот долг, а се сомневаат и на целта на задолжувањето. Еврообврзница за партсики, а не за државни потреби се дел од коментарите на не економистите.

Дел пак предупредуваат за скапото задолжување, особено со тенденцијата за намалување на економскиот раст. Министерството за финансии доцна синоќа објави дека Македонија издаде еврообврзницата, а средствата од неа ќе се користат за буџетски потреби во фискалните 2016 и 2017 година, како и за отплата на долгови кои доспеваат.

Постапката за издавање на еврообврзницата беше усогласена со министерството за правда, правните застапници на владата на РМ и правните застапници на конзорциумот на банки преку кои се издаде еврообврзницата.

Од Минситерството за финанси ја обвинија опозицијата за зголемувањето на каматата. Од СДСМ пак ја прогласија еврообврзницата за неуспешна и незаконска.