Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионИзбоден мигрант во центарот на Белград

Избоден мигрант во центарот на Белград

Мигрант е избоден во близина на автобуската станица во Белград. Неколку мигранти се степале од кои половината биле Курди, а половината Авганистанци.

“Момчето се здобило со посекотини, најверојатно од нож на левата страна на стомакот и тапи повреди на главата. Во стабилна и свесна состојба беше однесен во Клиничката болница во Земун”, изјавила портпаролката на Брзата помош Нада Мацура за РТС.

Полицијата трага по осомничените.