Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов попладне ќе го прими Туск

Иванов попладне ќе го прими Туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск попладнево ќе се сретне со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Главна тема на средбата ќе биде мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, но и политичката состојба во Македонија.

Како што сооптија од кабинетот на претседателот, Иванов ќе го запознае Туск со политичката ситуација во земјата, а ќе се разговара и за европската перспектива на регионот.

Посетата на Туск на Македонија е дел од неговата балканска турнеја, на која, меѓу другото, ќе се разговара за имплементирањето на навремениот одговор на ЕУ на мигрантската криза во Источниот Медитеран.

Претседателот Иванов пред десетина дена ја откажа средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, наводно поради посетата на Унгарија, и својот термин за средба со еврокомесарот им го отстапи на претставниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.