Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаИталијанската Кондево стартува со фабрика во Штип

Италијанската Кондево стартува со фабрика во Штип

Технолошко-индустриската развојна зона во Штип ќе добие нова фабрика со влезот на италијанската фирма „Кондево“ која ќе започна производство на делови за кондензациски бојлери во Штип. Инвестицијата е проценета на 30 милиони евра, а предвидено е се вработат најмалку 280 лица и стручен кадар. На почетокот на градежните работи на новата фабрика присуствуваа премиерот Никола Груевски и сопственикот на италијанската фирма „Кондево“ Рафаеле Џенони.

„Благодарение на поволните бизнис услови кои ги креиравме за странските инвеститори овој реномиран италијански производител на компонентни за бојлери донесе одлука со која ќе инвестира најмалку 30илиони евра во својот нов погон во Македонија. Со реализацијата на оваа инвестиција ќе бидат отворени 280 нови работни места за штипскиот регион. Новата фабрика ќе претставува глобален производствен капацитет каде „Кондево“ ќе ги лансира своите нови патентирани производи. Целокупното производство е планирано за извоз со што Кондево уште повеќе ќе го засили растечкиот извоз од Македонија“, рече Груевски.

Сопственикот на италијанската фабрика „Кондево“, Џенони истакна дека им биле потребни 15 месеци откако се заинтересирал да инвестира во Македонија, а веќе стартуваат градежните работи.