Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаИстрели кај Градска болница: Две лица на мотор пукале во БМВ

Истрели кај Градска болница: Две лица на мотор пукале во БМВ

Доцна синоќа околу 23:35 часот во Скопје, во близина на автобуската постојка пред Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, две непознати лица кои биле со моторцикл пукале со пиштол кон возило „БМВ“, сопственост на А.И. од Скопје, а кое било управувано од С.К. (18) од велешкото село Бузалково.

МВР информира дека увид е извршен и на лице место пронајдени се три чаури и оштетено е искршено стаклото од автобуската постојка.

Повредени лица нема. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.