Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИстрагата за собраниските напади се засилува, се бараат уште четири лица

Истрагата за собраниските напади се засилува, се бараат уште четири лица

МВР информираше дека на службен разговор биле повикани повеќе лица, за кои постои основано сомнение дека учествувале во нередите во Собранието..

„Поради констатирање на постоење сомнеж за вршење кривично дело учество во толпа која ќе спречи службено лице во вршење на неговата службена должност, според член 384 од Кривичниот законик на РМ, од лицата Д.Т. (42), Ѓ.М. (52) и Т.О. (52), сите од Скопје, како и кривично дело Учество во толпа која ќе изврши кривично дело, според член 385 од КЗ извршено од  Н.П. (39) од Скопје, за истото лице СВР Скопје до ОЈО ќе достави посебно соопштение“, соопшти МВР.

Од полициски извори дознаваме дека е идентификуван и човекот кој ја влечеше пратеничката Радмила Шеќеринска за коса, сцена снимена од десетици камери, а го удрил и лидерот на СДСМ Зоран Заев. За Панче Ангелов со живеалиште во Скопје, издаден е налог за апсење и по него се трага. За полицијата е недостапен и Кире Ѓеоргиевски кој, како што се гледа на видеото, го влече пратеникот Села. Еден од осомничените, кој од пред два дена е во притвор, е и Игор – Југ од Куманово. Тој е еден од приведените во врска со нападите во Парламентот , за кои на социјалните мрежи се бара нивно ослободување.