Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаИсториски воени дела кои го промениле ''лицето'' на земјата

Историски воени дела кои го промениле ''лицето'' на земјата

Ништо повеќе ни ги мотивира луѓето од војна. Така е изграден и кинескиот ѕид, стравувањето на луѓето од непријателите на северот. Понекогаш војната остава непоправливи траги на нашата планета.

Александар Македонски претворил остров во полуостров.
ace Треба да имате многу силно резиме за да ве нарекуваат ”големиот” но Александар заслужено го носел. Меѓу многуте големи достигнувања се издвојува освојувањето на таканаречениот ”неосвојлив” град Тире.
tyre Лоциран на медитеранскиот брег, каде што е денешен Либан, Тире бил делумно античка верзија на Алкатраз. Лоциран на остров со ѕидови кои започнувале длабоко од под вода го правеле овој град непробоен дури ни од морнарица која всушност Александар ја немал. Решението на Александар било нешто што би го виделе само во цртаните филмови, да претвори остров во полуостров.
tyre1 Војската на Александар, народски кажано ”камен по камен” изградила земјен мост долг околу еден километар за да може да го нападне градот на копно. Градот Тире паднал пред Александар исто како и неговиот статус на остров.

Легијата Легио X Фретенсис
roman Во време на големата Еврејско-Римјанска војна, на последното несекојдневно војно поле се нашла легијата Легио X Фретенсис, Израелскиот град Масада, лоциран на врв на планина непристапен од пешадија. Но легијата била незапирлива на копнено бојно поле па влечејки тактика од ”бележникот на Александар Македонски со скоро невозможни тактики” тие изградиле рампа налик како оние кои ги користат ”скејтерите”. Кога успеале да се доближат до градот за да ја започнат опсадата увиделе дека целиот град извршил масовно самоубиство што придонело и до крајот на оваа војна.

Монголците го опустошија Багдад
mongol Под команда на внукот на Гингис Кан, Хулагу Кан, Монголците отишле во војна со Персијците. Првата запрежна точка бил градот Багдад кој вршел огромно влијание на тогашниот свет поради неговата погодна местоположба. Трговија, шверц и многу други бенефити од местоположбата која била клучка помеѓу три континенти. Хулагу Кан го нападнал Багдад и масакрирал околу еден милион цивили. Но Хилагу не отпатувал до Багдад само за да убива луѓе. Големата библиотека, книги за развивање агрокултура, воени стратегии, ифраструктура на градби и многу други благодети нудел Багдад. Тоа што било синоним на плодна земја, култура и трговија останало само голема пуста рушевина долго време.

Холанѓаните се префрлаат на остров
duch За разлика од маневрот кој го направил Александар, Холанѓаните целата држава ја префрлиле на остров. Тие во ова време биле меѓу најмоќните држави во тоа време. Нивниот потег се покажал како многу успешен кога Французите се обиделе да нападнат на чело со Луис 14-ти кој неуспешен, се повлекол назад на своите територии.

Монголците ја користат Бубонската Чума како оружје
mongol1 Американците ја имале атомската бомба, Хроносверата во Ред Алерт, Карен во Бурма го имале Рамбо. Сите со своите супер-оружја, Монголците користеле отровни ароми, гасови и нивното најстрашно оружје ”Црната Смрт” или бабунска чума. Монголската војска ја ”понела” со себе бабунската чума од Азија напаѓајки го еден од најголемите трговски градови во регионот наречен Кафа. Луѓето од Кафа голем дел инфицирани од чумата, панично го напуштаат градот во различни насоки пренесувајќи го вирусот насекаде низ Европа. Црната Смрт демнеела скоро две декади одземајќи повеќе од 350 милиони животи.