Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИско останува во Реал Мадрид!

Иско останува во Реал Мадрид!

Играчот на Реал Мадрид Иско ќе потпише нов договор со Кралскиот клуб. Во последниве неколку денови често се шпекулира дека креативниот играч од “Сантијаго Бернабеу” ќе го напушти клубот, и за тоа дека неговата кариера може да ја продолжи во Барселона.

Сепак, влијателен спортски весник “АС“ информира како Иско е на близок пат да потпише нов догвор со стручниот штап на Реал, и да остане во Мадрид уште неколку години.

Покрај тоа, новиот договор ќе биде финансиски многу посилен, бидејќи наместо досегашните три милиони евра по сезона ќе заработува осум милиони евра.