Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаИнвеститор од Русија го затвори „Продис“ – фабриката во Бунарџик

Инвеститор од Русија го затвори „Продис“ – фабриката во Бунарџик

Затворед Продис, не се знае кога ќе биде отворен повторно. Затворена влезна врата и спуштени ролетни на чуварската куќичка. Таква сликата од руската инвестиција во слободната зона Бунарџик. Во објектот нема никој, ниту пак има физичко обезбедување. Целиот простор е само под видео надзор. Паркингот е празен. Пред неколку месеци имаше вести околу тоа дека „Продис“ ја стопирал работата, а вработените дека останале без плата. Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо соопшти дека засега „Продис“ не го прекршил инвестицискиот договор.

Директорот на ТИРЗ не знае ништо за отпуштањата во административниот центар на турски „Веибо Груп“. Потврди дека нивната инвестиција во слободната зона во Ранковце засега е одложена. Во зоната во Бунарџик денеска беа преставници на неколку странски инвеститори. Дополнија дека се соочуваат со бирократски и администартивни бариери и постојани измени на законите, но посочуваат дека остануваат на своите бизнис планови и најавија отварање нови работни места.

Инаку, податоците на ТИРЗ покажуваат дека се зголемува учеството на странските инвестиции во извозот, а во фабриките во слободните зони работат над 5000 луѓе.