Машина усмрти младо момче во Бунарџик
Дваесет и шестгодишно момче загина денеска во индистриската зона Бунарџик во објектот на КЕМЕТ Инженеринг. Според првичните полициски информации, работна машина паднала врз вработениот Даниел Т. (26) и го усмртила на лице место.
Од МВР велат дека е известена трудовата инспекција, извршен е увид на местото на несреќата, а телото на починатио по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција.