Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНајавениот влез на германска GES ќе се реализира со 200 работни места

Најавениот влез на германска GES ќе се реализира со 200 работни места

Германската компанија German Electro-Mechatronic Systems (GES) наскоро ќе ја реализира најавената инвестица вредна 15 милиони евра во изградба на производствен погон и административна зграда кои ќе се протегаат на површина од 15.000 метри квадратни во ТИРЗ Бунарџик, а за почеток ќе се вработат околу 200 работници. ges-vladaGES е бренд кој произведува соларни панели и лед-светилки, со тоа што фабрикате ќе се гради кон почетокот на март, до крајот на 2016-та треба да излезат и првите производи со македонски инпут.

Од владиниот економски тим кој присуствуваше на потпишување на договорот потенцираа дека главните бенефити од оваа инвестиција се влезот на врвна германска технологија и знаење, како и можност за намалување на невработеноста и зголемување на извозот.