Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисИнтересни факти за Рафаел Надал кои сигурно не ги знаете

Интересни факти за Рафаел Надал кои сигурно не ги знаете

1. Интернационалната астрономска унија на 16 јули 2008 година го одобри барањето еден од астероидите што се наоѓа помеѓу Марс и Јупитер да се вика Рафаел Надал. Од Астрономскиот истражувачки центар од Мајорка рекле дека е во чест на „еден од најдобрите тенисери на сите времиња“.

2. Рафаел спие со запалено светло бидејќи се плаши од темница.

3. Тој е вистински џентлмен, во и надвор од теренот. Неговиот чичко, а воедно и негов тренер, Тони Надал, изјавил:
„Тој (Надал) никогаш нема скршено рекет во лутина. Тоа би значелo недостаток на почит кон луѓето кои треба да ја купат истата опрема.“

4. Иако е редок случај, Надал е еден од малкумината кои не се детерминираат како „леваци“ и „деснаци“, туку може да ги користи и двете раце подеднакво добро.

nadal5. Еден негов цитат навистина покажува за почитта што ја има кон останатите противници и го прави поразличен од другите:
„Ако некој каже дека сум подобар од Федерер, сигурно таа личност не знае ништо за тенисот.“

6. Во неговата автобиографија спомнува дека иако ужива некогаш да си приушти добра забава во некоја дискотека со најблиските пријатели, тој не помислува на консумирање алкохол. Исто така пишува дека поради посветеноста кон тенисот како негова професија и нешто што е најважно за него во животот, тренинзите во 9 часот наутро се неизоставен дел, макар и да се вратил предходната вечер од забава во 5 наутро.

7. Рафаел сè уште го нема совладано англискиот јазик доволно добро, но затоа секогаш се обраќа љубезно кон новинарите кои го интервјуираат и ги замолува повторно да му го постават прашањето со „пардон“.

8. Долго време плачел под туш откако во 2007 година го изгубил финалето на Вимблдон против Федерер во пет сета. За неговите родители таа тага била најмачното искуство кое го имале во својот живот, гледајќи го нивниот син толку да тагува. Се соочил и се сконцентрирал на освојувањето на Вимблдон наредната година. Успеал во тоа, повторно со пет одиграни сета.

rafael-nadal