Saturday, Jul 27, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текИнстаграм конечно воведе споделување на линкови преку директни пораки

Инстаграм конечно воведе споделување на линкови преку директни пораки

Социјалната мрежа Инстаграм конечно им овозможи на своите корисници да разменуваат линкови со директни пораки. Корисниците сега можат да ги споделат линкови и преку нив директно да ја посетат интернет страницата, а се овозможени и линкови за телефонски броеви и адреси.

Инстаграм, исто така, воведе поддршка за пејзаж и портрет режими на директни пораки, што значи дека корисниците веќе не треба да ја ги сечат или копираат нивните слики пред да ги испратат.

Компанијата продолжува да ја подобрува својата опција “Stories“, која е клон на “Snapchat“.

Иако тоа не е голема промена, за корисниците секако ќе биде корисна, особено на оние кои продаваат преку Инстаграм.