Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИндиректно: Латас бара од Заев да не биде уапсен

Индиректно: Латас бара од Заев да не биде уапсен

До вчера, најжесток напаѓач на политиките на СДСМ, но и на Зоран Заев како личност, денес не сака да биде замерен со идните власти. Уредникот на Вечер и Сител, Драган Павловиќ Латас во изјава за порталот Старт.мк ги понуди своите услуги на идната влада и побара да не биде апсен.
izjava latas
Своето присуство во Собранието за време на крвавиот упад се обиде да го оправда со изјавата дека бил таму за да помогне и покрај пучот кој тие го извршиле. На ниту една снимка или фотографија не го видовме уредникот како се обидува да помогне, но затоа јавноста го виде како со насмевка на лицето се фотографира со своите колеги, меѓу кои и уредничката Ивона Талеска. Таа претходно ги разгоре социјалните медиуми околу цената на нејзината долна облека откако СЈО обелодени дека таа и Латас преку фирми вршеле набавки на предмети за лична употреба во обид да затајат данок. upad sobranie latas i ivona