Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИндијка на 72 години стана мајка!

Индијка на 72 години стана мајка!

72-Годишна Индијка денес стана мајка и иако светските медиуми со чудење ја примија оваа вест, сепак таа смета дека не е премногу стара за да биде мајка и дека нејзиниот живот е сега исполнет во целост. Далиндер Каур роди машко дете по две години лекување на клиника за плодност во северната индиска држава Харајана. Татко на детето е нејзиниот 79-годишен сопруг со кој се во брак 46 години.

Каур верува дека Господ вмешал прсти и им помогнал да добијат син. Таа додава дека сега е полна со енергија и дека нејзиниот сопруг многу и помага околу бебето кое кога се родило имало тежина од 2,5 килограми. Сепак ова не е прв ваков случај во Индија, бидејќи во 2008 година Жена од Утар Прадеш роди близнаци на 72-годишна возраст.