Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИгор Југ пренесен во Шутка

Игор Југ пренесен во Шутка

Насилникот од крвавиот 27 април, Игор Југ е оденсен во истражниот затвор во Шуто Оризари. Го одлежува веќе изречениот притвор од осум дена кој судот му го одреди пред четири месеци. Игор Југ беше дел од толпата која насилно влезе во Парламентот и физички се пресмета со пратениците од СДСМ. Тој вчера беше уапсен во Куманово, во стан на 100-на метри од полициската станица, јавува Алсат-М.

Според полицијата, при апсењето Игор Југ не дал отпор. Јавното обвинителство објаснува дека притворот е краток бидејќи по крвавите нереди, Игор Југ се барал за дело кое се води по скратена постапка. Но, не исклучуваат дека истарагата може да се прошири токму во делот на случувањата во Собранието.

Основно јавно обвинителство:

„Во моментов за осомничено лице надлежното Основно јавно обвинителство Скопје води истрага за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.“

По упадот во Собранието се појавија и снимки на кои јасно се гледа дека Игор Југ вечерта на 27 април носи и оружје. Снимките покажуваат дека цело време раката му е на појас, држејќи пиштол, внатре во прес-центарот на Собранието, кога дел од топлата ги нападна пратениците кои се најдоа во салата. Освен Игор Југ, во притвор се и таткото и синот осомничени дека крвнички го тепале пратеникот Зијадин Села. Сите други учесници кои обвинителството ги гонеше, добија условни казни. Се уште нема епилог од истарагата на обвинителството за организиран криминал, каде се уште се истражува отворањето на вратите од Собранието од пратнеици на ВМРО-ДПМНЕ, како и одгворноста на Митко Чавков како директор на Бирото за јавна безбедност поради серијата пропусти на полицијата вечерта. Нема детали ни дали ќе одговараат ораганизаторите на протестите „За заедничка Македонија“.