Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрватските опозиционери бараат разрешување на Карамарко

Хрватските опозиционери бараат разрешување на Карамарко

Пратениците од редовите Хрватската социјалдемократска партија, денеска до саборот поднесоа иницијатива за разрешување на вицепремиерот и лидер на владејачката партија ХДЗ, Томислав Карамарко.

Како што јави Танјуг, претседателот на хрватската опозициска Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ изјавил дека Карамарко, поради сомнителни зделки на неговата сопруга Ана со консултатот на унгарската нафтена компанија МОЛ, Јосип Петровиќ, ги поставил своите приватни интереси над националните.

Загребскиот неделник „Национал“ пишува во последниот број дека лобистот на МОЛ, Јосип Петровиќ и плаќал за консултантски услуги на фирмата на Ана Карамарко. Според „Национал“, пред ХДЗ да дојде на власт, Петровиќ и платил најмалку 60.000 евра на Ана Шариќ, тогашната партнерка, а сегашна сопруга на Карамарко.