Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрватскиот премиер подготвен да даде оставка

Хрватскиот премиер подготвен да даде оставка

Премиерот на Хрватска Тихомир Орешковиќ наскоро би можел да поднесе оставка од својата функција, објави порталот „Директно“, кој е близок до владејачката Хрватска демократска заедница.

Тврдењата за наводна оставка на премиерот се појавија откако во текот на вчерашниот ден ненадејно беше одложена редовната седница на Владата што поттикна дополнителен сомнеж за продлабочување на кризата на власта на десниот центар разнишана од аферата „Консултантка“. Орешковиќ набргу по објавата го напуштил седиштето на владата, а за одложувањето не знаеле ниту министрите. Опозицијата во Саборот поднесе барање за отповикување на првиот вицепремиер, бидејќи сметаат дека станува збор за негова политичка одговорност, а иницијативата ја поддржа и Мост, без чија поддршка владејачката коалиција го губи мнозинството во парламентот.