Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрватска не успеа да состави влада

Хрватска не успеа да состави влада

Хрватска не успеа да состави влада. Првата седница на новиот хрватски Парламент беше затворена денеска 20 минути по почетокот, откако пратениците не успеаја да изберат претседател поради недостигот на парламентарно мнозинство.

Социјалдемократската партија и партијата Мост го предложија Роберт Подолњак за претседател на Саборот, но Хрватската демократска заедница не ја поддржа кандидатурата и тој се откажа од неа. По неуспешниот избор на претседателот седницата беше прекината, а досегашниот претседател Јосип Леко изјави дека повторно ќе биде свикана, кога партиите ќе постигнат договор за формирање на парламентарно мнозинство.

За избор на претседателот на Саборот потребно е двотретинско мнозинство од присутните пратеници, а на првата седница присуствуваа сите 151 пратеник, така што кандидатот требаше да собере 76 гласа. Двотретинско мнозинство е потребно и за доделување мандат за формирање влада.

Хрватскиот Устав предвидува три обиди за конституирање на Парламентот и за давање мандат за составување влада. Доколку сите три обиди се неуспешни, претседателот на државата треба да закаже нови избори и да назначи времена непартиска влада.

На изборите на на 8 ноември коалицијата предвоена од ХДЗ освои 59 мандати во 151-члениот Парламент, коалицијата предводена од СДП 56, а партијата Мост 19 мандати. Ниту една од партиите нема доволно мнозинство за самостојно составување влада.